Средствата што се уплаќаат во Вториот задолжителен приватен пензиски фонд државата да ги пренасочи во првиот задолжителен приватен фонд. На ваков начин осигурениците нема да загубат денар, а државата ќе добие дополнителни пари, предлагаат од ВМРО ДПМНЕ. Од партијата повикуваат овој предог Владата сериозно да го разгледа.
Од владеачката парија остануваат на ставот дека со оваа мерка директно ќе им се кратат пари на граѓаните.
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести и паника, додека предлагаат на граѓаните да им се земат пари од вториот пензиски фонд, Влада е презема суштински и ефикасни мерки. За да обезбедиме што повеќе средства, за оние кои се најпогодени од кризата, ги кратиме сите непродуктивни трошоци“, вели Богданка Кузеска- СДСМ.
Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е во наредните 9 месеци да се суспендира уплатата во вториот пензиски фонд, со што државата би обезбедила 160 милиони евра, за по завршувањето на кризата истите пари да ги врати.