
Сред пендемија со новиот вирус Ковид-19, која се очекува да предизвика финансиска и здравствена криза со огромни последици во светски рамки и особено во Македонија, власта неуморно се однесува како во предизборна кампања.
Пропагандната машинерија која упорно ги глорифицира владините мерки за справување со кризита, успеа дури да наметне во јавноста убедување дека власта загрижена за нашинците кои се затегнати во загрозените подрачја, организира „хуманитарни летови“ за нивно враќање дома.
Но, кога реакциите на „хуманитарно згрижените“ станаа гласни, излезе дека всушност во случајот нема ништо хуманитарно, бидејќи летот патниците си го плаќаат сами, а за тоа потпишуваат договори.
Дури има и случаи, кога првично им била кажана една цена, но потоа испаднала сосема друга, односно повисока.
Значи, специјалните летови воопшто не се хуманитарни, бидејќи не се бесплатни.
А, под знак прашање се става и хуманиот елемент при транспортот на овие лица од аеродром до државните карантини, за што веќе имаше објави на свеоштва во медиумите, дека и до десет часа патниците се држат затворени во автобуси, без храна и вода.