Власта наместо притисок врз матурантите и професорите, да ги поддржи законските измени на ВМРО-ДПМНЕ

Хибридниот режим на Заев создава катастрофа во образованието, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја критика за министерката за хаос во образованието Царовска е лажна вест. Но, лажна вест не е одрекувањето од историјата според потребите на странски агенди, бришењето на катедри со „македонски јазик“, ниту пак е лажна реалната состојба во образованието со руинирани училишта и несоодветни услови за образовен процес.

Учебната година започна со тотален неуспех и доцнење од еден месец, со неспремен кадар, со неподготвени ученици и родители, со копирана платформа за учење, оневозможено беше да се скратат наставните содржини.

Оваа Влада на СДСМ и нивните „реформи“ не успеаја да обезбедат електронски уреди за над 40,000 ученици кои немаа пристап да научат оваа година.

Дополнително неспособноста на Царовска која се шири побрзо од пандемијата низ сите пори на општеството, сака да ја уништи и иднината на младите матуранти за кои наместо да им олесни да го продолжат своето образование, без слух за нивните барања своеглаво форсира спротивно на нивните барања.

Создавање на некакви безидејни концепции за промени во образованието кои се спротивни на потребите и барањата на родителите и учениците, без консензус и јавна дебата обликување на иднината на Македонија по план на безимени автори, не експерти, ќе создаде трајни неповратни последици за секоја наредна генерација.

Царовска успеа да создаде тромаво и нефлексибилно образование, не суштински и стручно подржани политики каде учениците и наставниот кадар не се креатори, туку образовни концепти каде владеат лагите „како во Финска“.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта да им излезе во пресрет на барањата на матурантите и наставниот кадар, да го поттикне нивното понатамошно учење и да ги подржи измените на Законот за средно образование во Собранието, да им се подаде рака на младите кога им е најмногу потребна и да се прекине со трендот на лоши политики во образованието.

Образованието не е помагало за нечиј личен пи–ар, тоа треба да едуцира и насочува, да создава знаења и насочува во општествените текови, новите генерации заслужуваа квалитетно образование, според вредностите на структурата на општеството, секој квази експеримент на ова поле ќе биде погубен за целосниот социјален систем, стои во соопштението на партијата.