Власта нема поддршка за уставните измени од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нема да назначи членови и да учествува во работните групи, порача Митева

Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали партија ќе назначи членови во работната група за уставните измени, вели дека целиот процес што го води власта е нелегитимен, бидејќи како што рече од граѓаните нема никаква поддршка.

Митева уште еднаш го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ а тоа е дека уставните измени во овој парламентарен состав и по диктат на Бугарија нема да се случат.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Нема да учествува во такви работни групи од причина што ова е нелегитимен процес, и многу пати сме кажале и апелирале до власта да не се впушта во вакви процеси каде што од граѓаните нема апсолутно никаква поддршка, истакна Митева

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи и уставните измени нема да се случат во овој парламентарен состав по диктат на Бугарија, децидна е Митева.