Царинската управа ја стопирала истрагата против тутунскиот комбинат „СЕКЕ“, кој е во сопственост на контроверзниот руски бизнисмен близок до Путин, Иван Савидис, објави „Лидер“.
Според порталот, против фирмата на Савидис лани била отворена истрага од Царинската управа заради нејзина поврзаност со фирми ќерки во Грција и Бугарија кои во своите матични држави се под мониторинг на властите заради измама на доверителите и лажен стечај.
Но, кон крајот на 2017 година, скоро по доаѓањето на новата власт, била стопирана истрагата насочена кон „СЕКЕ“, од засега необјаснети причини. Како што неофицијално брифираат за „Лидер“ извори од Царина, истрагата се водела и поради сомнеж за финансирање на проруски политики на Балканот.
Власта тврди дека фирмата на русинот Савидис не е негова – еве докази дека тој е сопственик!
Потреба за координација на мрежата на рускиот финансиер Иван Савидис, кој е близок до Владимир Путин и Владата на Република Македонија, предизвика истражувањето на „Економски Лидер“.
Кратко по објавувањето на истражувањето, владиниот портпарол Миле Бошњаковски излезе со стандардното тврдење дека се работи за „лажна вест“ и без воопшто да изнесе аргументи што не е точно, само рече дака компанијата „СЕКЕ“, која е во сопственост на Савидис, ќе прати соопштение со демант. Ако нема никаква поврзаност помеѓу власта и бизнисменот близок до Владимир Путин (како што тврди Бошњаковски), како тој се искоординирал со компанијата за помалку од еден час? е прашањето кое виси по неговата изјава.
– Информацијата објавена на порталот Лидер со наслов “Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести!” е целосно неточна и е лажна вест. Премиерот Заев нема никаква поврзаност со компанијата од текстот. Наскоро соопштение од компанијата Секе од Крушево – објави Бошњаковски на Твитер.
Кратко по нарачката на Бошњаковски, „СЕКЕ“ го достави соопштението насловено „Демант од „СЕКЕ” Прилеп за поврзаност со рускиот бизнисмен Савидис и Владата на Р.М.“. Од компанијата демантираат дека Заев е поврзан со Савидис, но во исто време демантираат дека тој е сопственик на нивната компанија.
Повеќе за темата прочитајте на „Лидер“