Власта повторно манипулира со „европското знаменце“, сега за предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, протестира опозицијата

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ во понеделникот повторно се обидуваат да го злоупотребат институтот „еврпоско знаменц“ во обидот да го протнат на мала врата предлог- законот за Академија за судии и јавно обвинители реагирапе во Собранието го истакна Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.ж

„Истиот текст на законот беше доставен до Собранието на почеток на август во редовна постапка без знамето на Европската унија, за подоцна истиот биде повлечен од страна на Владата и повторно поднесен со знамето на ЕУ и ставен на две комисиски расправи во исто време денеска“, рече Панова,

Истакна дека во предлог-законот не се наведени податоци за изворните акти од ЕУ со полн назив, број и датум, ниту, пак, е наведен правниот акт на Унијата со кој е извршено усогласувањето за што Панова потенцираше дека е спротивно на член 135 став 4 и 5 од Деловникот на Собранието.

„Начинот на избор на судии и јавни обвинители е суверено право на секоја земја членка на ЕУ и не постои европска регулатива која ја третира оваа материја па се докажува дека власта манипулира со институтот ‘европско знаменце’ но и со материјалните и човечките ресурси кои ги вложува ЕУбза реформите во Македонија. Текстот на законот нема ниту кореспондентна табела врз која се врши усогласување на законот со правото на ЕУ, а веќе се наоѓа на Комисијата за европски прашања. Дополнително, во постоечкото законско решение, субјективното влијание на Приемната комисија пред која се полага само усмениот дел од испитот изнесува до максимум 15 проценти од вкупната оценка за секој канидат за разлика од предложените законски измени каде субјективното влијание ќе изнесува 50 отсто“, рече Панова.

Додаде дека со предложените законски измени, се предлага и писмениот и усмениот дел да се полагаат пред Приемната комисија и да имаат учество 50 отсто во вкупната оцена за кандидатот што е преголемо субјективно влијание и дискреционо овластување врз оценката на кандидатот.

„Фактот што во Приемната комисија и Програмскиот совет ќе членува лице лично номинирано од страна на министерот за правда при полагањето на писмениот и усмениот дел од испитот, ќе значи директно партиско влијание на министерот за правда и негово дискреционо овластување во оценувањето на кандидатите, а со тоа и во изборот на судии и јавни обвинители“, додаде пратничките на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, исто така, правно е спорно и нелогично, државен службеник усно да испитува кандидати за судии и јавнни обвинители кои работат како адвокати, стручни судски и јавно обвинителски службеници, за практична примена на законите во граѓанското и кривичното право, а самиот тој државен службеник не работи во таа област, односно работи како државен службеник без никаков допир со судска или јавнобвинителска материја.

„Претничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од матичната комисија да се организира јавна расправа околу овој предлог закон на која што врвни експерти од правната фела ќе можат на транспарентен начин да ги дадат своите забелешки и заеднички да се изработи едно квалитетно законско решение кое што ќе ја врати довербата на граѓанитe во судскиот систем. За оваа злоупотреба на СДСМ ќе ги информираме и ОБСЕ, Европската комисија, амасадите на САД и на Франција,кои се финансиери на оваа академија и се косат со нивните заложби за реформи во правосудниот систем“, потенцираше Панова.