Власта повторно во обид насила да го мине договорот со кој на „Макпетрол“ ќе му даде 33 милиони евра

Власта предводена од СДСМ брутално инсистира без доволно информации и консултација со јавноста во парламентот да биде изгласен закон кој на Владата на Зоран Заев ќе ѝ овозможи на приватната енергетска компанија „Макпетрол“, со кој е сосопственик во претпријатеието кое го гради гасоводо „ГА-МА“ на по 50 отсто од вкупната вредност, да ѝ се платат нереални за нејзиниот дел 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра.

Откако по повеќе од деценија и половина државата се тужеше со „Макпетрол“, владата на Заев пред една година постигна договор за исплата и преземање во целосна сопственост врз „ГА-МА“ сега власта сака тоа да му го префрли на Собранието, поднесувајќи предлог закон. Самото тоа поставува прашање, зошто Владата инсистира пратениците да донесат закон за тоа, иако ниште не ја спречува да го реализира договорт кој бил постигнат со посредство и медијација на Енергетската заедница со седиште во Виена.

Тоа прашање го загатна и пратеникот и потпретедател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој оцени дека владата на Заев сака да протурка шверцерски еден закон кој се однесува на ГА-МА кое е државно претпријатие за гас.

„Постои долгогодишен спор меѓу државата и претпријатието и тој спор го воделе многу премиери. Сега дојде Заев и реши да се повлече од судските спорови. Во законот проценета вредност на ГА-МА е 36 милиони евра, значи толку вложила државата, а согласно договор државата и приватната компанија имаат поовина-половина, иако се судат толку време за тоа кој е доминантен сопственик. Значи сега државата доброволно одлучува да се повлече и да не е сопственик. Претпријатието вреди 36 милиони евра или и двете страни имаат по 50 проценти се вели во првиот член, а за веќе следниот член да вели државата се согласува да ги откупи за 34 милиони евра. Значи тоа што велат дека чини 18 милиони го купуваат за 34 милиони евра“, појаснува Николоски.

Предлог-законот е во собраниска процедура, но ситуацијата се комплицираше поради противењето на опозицијата којашто предупредува на повеќемилионски скандал, посочувајќи дека Владата се согласила да плати прескапо за да го преземе во целост управувањето со националниот гасоводен систем, нешто на што не се согласуваа во минатото и неколкуте премиери од истата сега владејачка СДСМ. Но по обидот ноќта кон петокот во парламентот да мине предлогот, а кој го спречија пратениците од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но и големо мнозинство од претставниците на владејачката СДСМ кои не се појавија воопшто во пленарнаа сала, денеска собранискиот спикер Талат Џафери најави дека „ќе се работи до исцрпување“ на сите говорници без прекин.

Се поставуваат прашањата зошто Владата на „Макпетрол“ сака да му плати 14,2 милиони евра повеќе, и зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола Заев да го потпише договорот? Имено, Државниот правобранител, кој ги брани интересите на државата и повеќепати се вмешал во спорови на страна на Владата како преставник на државната соптвеност во случаи со правни и физички лица, особено во процесот на денационализацијата, мора да даде дозвола за изведување на трансакцијата. Но веројатно правобранителот одлучил дека не може да даде  согласнот, па Заев сега бара Собранието да го овласти да го потпише договорот.

„Нему (на Заев) му е потребна колективна одговорност. Собранието е законодавец и колективно тело и ова е противуставно“, толува Николоски на прашањето зошто власта оди со закон во парламентот, иако станува збор за договор меѓу Владата и правно лице, што никогаш претходно не се случило.

Небулозно е и образложението кое го даваат од Владата за спорот за докупувањето на акциите во АД „ГА-МА“ од страна на државата кој трае од 2005 година, значи од влада на СДСМ, дека бил причината таа да ги скрати парите за капитални проекти со ребалансот на Буџетот во септември, односно дел од средствата ги пренамени за оваа потреба, затоа што токму со преплатувањето на уделот на „ГА-МА“ куси значителни средства од вложувања во капитални проекти.