0.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Власта продолжува со шиканирањето на полицајците, обвинува поранешен началник

Фрустрираното актуелно водство на Министеството за внатрешни работи продолжува со понижувањата на полициските службеници и вон сите легални процедури ги прераспоредува иако на своите работни позиции постигнале завидни резултати, посочи поранашниот началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски.

„За сегашново раководство на МВР фактот што сме на крајот на 2020, а не на крајот на 20 век нема никакво значење. Денес, после работно време исто како и пред 20 години, без никаква законска процедура, без никакви интерни огласи и постапки, распоредени се преку 20 полициски службеници кои одговорно и ревносно ги извршуваа своите работни задачи во своите повеќедецениски кариери.

На злобата, неспособноста и фрустрираноста на сегашното раководството на МВР, СВР Скопје, само небото е граница. Срамота е ова што се случува со целокупниот систем на кариера во МВР. Џабе е носењето на законите за внатрешни работи и полиција со европско знаменце, кога ова раководство на МВР мафта со знамето на слепите партиски комбинаторики. Како ли само се гледаат во огледало правничките во МВР кои денес ги спроведуваат на хартија овие неправилности, а до пред 5 или 10 години учествуваа во пишувањето на ‘европските’ закони кои денес безочно ги изигруваат и погазуваат.

Очигледно идол на актуелното раководство на МВР е еден владин советник, а поранешен министер за внатрешни, кој беше пример на погазување на сите можни правила за распоредување и унапредување. Повеќе ниедна експертска мисија на ОБСЕ, ТАИЕКС или ИПА проект на ЕУ може да донесе правен поредок во МВР со вакво раководство. Како и за сите останати работи така и во оваа прогласена кризна состојба МВР ќе се занимава самата со себе и фрустрациите на раководството наместо со справување и помагање на граѓаните да ја пребродат пандемијата“, објави Ставреско на својот фејспбук-профил