Власта сака да се смени начинот на јавни набавки за Клинички за Филипче да може да троши без да сноси одговорност

Целта на Законот за изградба на новиот Клинички центар е да се смени начинот на јавна набавка, да се суспендираат 4 закони и Филипче без никаква одговорност за него да може да потроши 500 милиони евра народни пари, вели Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Лефков појасни дека и покрај обвинувањата на власта дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на новиот клинички, сепак вистината е дека Законот за новиот Клинички не е закон за изградба на нов Универзитетски Клинички центар, не предвидува финансирање, туку предвидува суспендирање на 4 други закони.

– Велеа дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на новиот Клинички центар. Но од “шумата не се гледа дрвото“. Ако се погледне законскиот текст, во членот 1 став два стои „ако со овој закон не е поинаку уредено се применуваат Закон за јавни набавки, Закон за урбанистичко планирање, Закон за градење и Закон за општоуправна постапка“. Во членот 5 став 2 вели „министерство за здравство како договорен орган ги спроведува постапките за јавни набавки за стоки услуги и работи за реализација на проектот согласно Закон за јавни набавки, освен ако поинаку не е уредено со овој закон.“ Фактички Законот за новиот Клинички не е закон закон за изградба на нов Универзитетски Клинички центар, не предвидува финансирање, туку предвидува суспендирање на 4 други закони. Со тој закон се предвидува дека за министерот за здравство Венко Филипче, нема да тие закони, потенцира Лефков.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ не ја кочи изградбата на Клинички центар, туку дека не постои член на парламент никаде во светот кој ќе гаса суспендирање на 4 закони за министер да може да троши 500 милиони евра народни пари.

– Замислете да се носат закони за секој ваков проект. Овие закони да важат за сите освен за министерот Филипче. Каде е логиката дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи Клиничкиот центар? Нека покажат еден член на Парламент од цел свет кој ќе гласа за Закон со кој се суспендираат 4 други закони. Од каде е потребата да суспендираат 4 закони? Тоа нека го одговорат пред македонската јавност, вели Лефков.

Тој нагласи дека бидејќи најлесно на владата и одговорноста да ја префрли кај пратениците кои се жив ѕид и топовско месо за министрите на Заев, нема да им биде проблем да го изгласаат ова иако е надвор од правно и здраворазумско размислување.