„Покрај ветото од Бугарија ни се најавува уште едно ново можно вето од Холандија и некои други членки на Европска Унија токму за немањето на судски реформи, криминалот и корупцијата кој Холандија ги смета за многу сериозни“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека нас од надвор никој нема да ни ги реши проблемите ако не си ги решиме самите.
„Никаков европски пат нас нема да ни ги реши проблемите ако ние сами не си ги решиме. Европскиот пат е само патоказ кој ги кажува кои се стандардите кој една држава аспирант треба да ги исполни за да стане дел од Европската Унија“, вели тој.
Петрушевски посочи дека сите проблеми кои ги имаме во сите сегменти во општеството треба да ги решиме сами. Не може некој што е 7 години власт од уста да не ја вади ЕУ, а да ни се таложат проблеми во сите сфери.
„Справувањето со овој криминал и корупција за кој критики доаѓаат од сите можни страни и наши партнери вклучувајќи и ги и граѓаните во Република Македонија, нема да се реши со промена на Уставот. Економската девастација, сиромаштијата на граѓаните кои не можат да врзат крај со крај нема да се надмине доколку го смениме Уставот и продолжиме преговори“, кажа Петрушевски.
Дециден е дека министерот за правда се занимава со технички прашања наместо да се зафати силно во делот од она што од нас го очекува меѓународната заедница, а тоа е реформа на уништениот правосуден систем.