-Во однос на техничката влада на опозицијата и припаѓаат министерот за внатрешни работи, за труд и социјална политика и три заменички места во финансии, земјоделие и министерството за информатичко општество и администрација со врзан потпис. И тука ние сериозно размислуваме каков чекор да преземеме имајќи во предвид последните случувања, а тоа е дека власта соочена со нискиот рејтинг и со извесниот пораз на изборите, се обидува да направи било какви манипулации, не за да победат на избори, туку за да изманипулираат за некој пратеник плус, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Кавадарци.
Николоски посочи оти јавноста ги следи случувањата со неизборот на член на ДИК.
„Имено Алијанса за Албанците стана член на Владата скоро пред година дена и со тоа го изгуби местото во ДИК. Според закон тоа припаѓа на опозицијата. Законот вели ДИК има 7 члена од кои 4 на власта и 3 на опозицијата. Во моментот тоа едно место е непополнето иако сите знаат дека треба да е на опозицијата. Иако се прекршени неколку закони имајќи предвид дека во законите има јасни норми и процедури за колку време треба да се пополни ДИК“, кажа Николоски.
Тој додаде дека самото поигрување со овој процес покажува дека размислуваат за манипулации во изборниот процес.
„Во таа насока треба сериозно како ВМРО-ДПМНЕ да размислиме како да се поставиме во следниот период. Но, она што можам сигурно да го кажам е дека нема да дозволиме ни еден глас на граѓаните да биде изманипулиран. Или треба точно сите оние кои се за промени и кои ќе поддржат промени да знаат дека гласот нивни ќе биде валидиран без никакви манипулации на изборите“, заклучи Николоски.