Во Македонија се намалува стапката на невработеност и тоа го покажуваат и податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2 отсто. Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2 отсто. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 5,6 отсто.
Со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3 отсто во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 отсто.