3.8 C
Skopje
петок, ноември 15, 2024

Власта во Охрид во пад: Нефи Усеини го спаси Константин Георгиески од дебакл на локалните избори  

 Охриѓани новиот градоначалник ќе го добијат на 5 мај во вториот круг од изборите, откако во првиот круг ниту еден од кандидатите не го освои потребниот број гласови.

Во вториот круг битката ќе се води помеѓу кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски. Според официјалните резултати на ДИК, Георгиески освоил 13 037, додека Милошевски ја добил довербата на 10 614 граѓани.

Доколку се направи споредба со резултатите од локалните избори во 2017, власта во Охрид изгубила точно 5 225 гласа, односно нивниот тогашен кандидат освоил 18 262 гласа, што беше доволно за победа во прв круг. Овој резултат на СДСМ е полош дури и од изборите во 2013 кога нивниот тогашен кандидат Александар Петрески иако ги загуби изборите освои 13 250 гласови.

Доколку се анализираат резултатите од овие избори по избирачки места, ќе се види дека разликата помеѓу Константин Георгиески и Митре Милошевски е најголема во населбата Воска каде доминираат Албанците и Египќаните. Оттука доаѓаме до заклучокот дека гласовите на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, кој во најголем дел ги контролира овие гласови, беа пресудни за победникот во првиот круг на локалните избори.

Од друга страна, СДСМ ги изгуби претседателските избори во Охрид. Победата ја однесе кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која освои 13 257 гласа, што е за 787 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Ова само го потврдува заклучокот дека Нефи Усеини со своите гласови го спаси од дебакл Константин Георгиески на локалните избори. Тука Албанците својот глас за претседател го дадоа за Блерим Река, а дел од нив бојкотираа.

Она што е појасно после после првиот круг од локалните избори е тоа дека го видовме вистинското лице на Константин Георгиески кој ги потцена охриѓани упорно лажејќи ги дека се бори против урбаната мафија. Очигледно се било претходно договорено, па доколку Георгиески победи и во вториот круг, во замена за дадената помош ќе мора да ги реализира барањата од советникот Усеини.

Се чини дека малце беше предизборниот поткуп од 8 милиони евра, на фирмите блиски до СДСМ, кој се реализираше под превезот на наводно раздолжување на Општина Охрид.

Колку за потсетување претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за време на неговата последна посета на Охрид, се сретна токму со советникот Нефи Усеини. Уште тогаш пишувавме дека на таа средба се разговарало за поддршка на кандидатурата на Георгиески од страна на Усеини. После резултатите од првиот круг се чини дека ваквите наводи се вистинити.

ИЗВОР: ОХРИД 24