„Министерството за финансии на Автономната Република Крим би требало утре да го претстави монетарниот проект за премин од украинска гривна на руска рубља, во случај жителите на Крим на референдум на 16 март да го изгласаат преминувањето од Украина во составот на Русија,“ изјави премиерот на Крим,Сергеј Аксјонов.
„Нашето министерство сега се занимава со тоа прашање. Тоа би требало на 11 март да изнесе предлод каква ќе биде процедурата и колку време ќе биде потребно да се спроведе. Што ќе произлезе од тој предлог на кој работи голема група на стручњаци, ќе дознаеме наредните денови,“ изјави Аксјонов, одговарајќи на прашање за можноста на Крим повремено да биде во оптек гривната и рубљата.
Парламентот на Крим порано ја усвои начелната одлука дека таа автономна република влегува во состав на Русија и за спроведување на референдум за тоа на 16 март.
Сергеј Аксјонов на својот твитер профил напиша дека трошоците за реферндум за статусот на Крим, владата ги проценува на 1,8 милиони долари.