Ви се случило ли да се разбудите во средина на ноќта испотени, возбудени и збунети…со само едно очигледно прашање низ глава: „Дали можеби доживеав оргазам во сон?“.
Одговорот е најверојатно да, бидејќи и жените и мажите можат да имаат секси соништа кои завршуваат со оргазам.
Дали сонот е совршено време за оргазам?!
Сигурно мислите дека вашиот мозок во будна состојба е идеален за да доживеете оргазам, сепак има ситуации кога вашиот ум ви допушта покрај сексуалното задоволството, малку и да отспиете.
Во текот на денот немате време да му дозволите на вашиот мозок да лута и мечтае. Додека пак, кога спиете, вие сте во состојба на мир и релаксација која му овозможува на несвесното да ги испита сите аспекти од вашиот живот, вклучувајќи го и сексот. А најчесто тие истражувања во длабоката потсвест можат да бидат многу забавни и интересни.
Мислењето на експертите е дека 40 отсто од жените доживуваат оргазам во сон, додека пак некои истражувања тврдат дека ова се случува кај секоја жена. Интересно е што само неколку од нив се свесни за ова, а некои не го препознаваат бидејќи спијат.
Како функционира оргазмот во сон…
Ако мислите дека физички мастурбирате во сон, размислете повторно. Всушност, станува збор за РЕМ фазата (REM-Rapid Eye Movement), или фаза во спиењето на човекот со брзи движења на очите. Таа ви помага да го доживеете сексуалниот врв.
Хосе Колон, основачот на „Парадајс слип“ ова одлично го има споредено со едноставен пример за машината за перење алишта. Баш како што машината има фази, така има и сонот, а РЕМ фазата е „перење и извртување“ на мислите.
Бидејќи мозокот е активен за време на оваа фаза, исто како и кога сте будни, неминовно е да следат живописни соништа. Уште еден фасцинантен факт поврзан со РЕМ фазата е тоа што вие сте парализирани, а тоа значи дека не можете да ја присилите волјата да ја однесете раката под вашата долна облека кога ќе ја почувствувате возбудата во спиењето.
Сепак, иако не ги создавате физички, оргазмите и добрите вибрации што ги чувствувате во сонот се апсолутно реални во вашиот мозок. За време на РЕМ фазата вашето тело доживува рутински проток на крв во различни делови на телото, вклучувајќи ги и половите органи, а ова зголемено снабдување со крв е причина зошто мажите се еректилни, но исто така може да биде причина и за иритација на клиторисот кај жените.
Протокот на крв во придружба со некој „влажен“ сон резултира со мисла за оргазам, евентуално и негово доживување. Нервите се протегаат од мозокот низ телото, а постои голема поврзаност помеѓу умот и телото кога станува збор за оргазми во сон. Во суштина, вашето тело може да реагира како сонот да е нешто што се случува на јаве.
Ако досега не сте го доживеале ова, веројатно е дека не се сеќавате. Физиолошки, секоја сексуално здрава единка е предодредена за овој вид на оргазам, кој некои терапевти го нарекуваат и „слипгазам“, што е кратенка од sleep (спиење) и оргазам.