Влажниот бакнеж за жените е како инјекција со страст

Влажниот бакнеж за жените е како инјекција со страст
Влажниот бакнеж за жените е како инјекција со страст

Лошиот прв бакнеж може да биде пресуден за врската – дури 59 отсто од мажите и 66 отсто од жените не би и’ дале шанса на врската ако првиот бакнеж не им се допадне, покажало истражувањето на психологот Гордон Галуп.

„Додека се бакнувате, го впивате мирисот и вкусот на партнерот. Тоа се пораки, кои ги собираат сетилата, ги пренесуваат во мозокот и добивате информација за неговите навики, дали пуши или не, но и за состојбата на умот: дали е нервозен или смирен. Притоа се забрзува пулсот, се шират зениците и се продлабочува дишењето и така телото се подготвува за она што би можело да следи. За секс”, објаснува антропологот доктор Хелен Фишер.

Освен тоа, бакнувањето го стимулира еден од трите основни состави за размножување: страст, романтична љубов или приврзаност. До страста доаѓа бидејќи во плунката се наоѓа хормон за сексуална желба, тестострон. Истражувањата покажуваат и дека мажите сакаат повлажни бакнежи од жените, а тоа можеби е обид за вбризгување тестосрон во плунката на партнерката со цел да се големи нејзината желба за секс.