Коалицијата ВЛЕН ја поздравува доцната, но неопходна одлука на скопското обвинителство за поднесување жалба против неприфатливо ниската и скандалозна казна изречена за случајот Ласкарци. Ние силно ја поддржуваме барањето за построги казни за сите други одговорни лица инволвирани во ова трагедија. Овој страшен настан, кој се обиде да се релативизира и минимизира од претходниот режим со корумпираните кадри на ДУИ, бара целосна и непристрасна правда – стои во соопштението испратено до медиумите.
„Но, прашањата што се поставуваат се неизбежни. Дали ова е уште еден случај во кој мувлосаниот кадар на ДУИ го спречува заслуженото казнување на виновниците и откривањето на вистината? Каква улога одигра Валдет Џафери, поранешен директор на Бирото за судска експертиза, во намерното одложување на експертизата на случајот Ласкарци? Исто така, треба да се дознае дали сопствениците на „Дурмо турс“ се блиски со ДУИ, како што често се зборува во јавноста, и дали се соработници на Талат Џафери. Зошто сите институции вклучени во овој случај не успеале да донесат праведна и навремена пресуда? Кои се тие што се кријат зад овие постапки и се обидуваат да ги заштитат своите тесни политички интереси, попречувајќи ја правдата за жртвите и нивните семејства?“, пишува во соопштението.
Коалицијата ВЛЕН бара целосна транспарентност и конкретни дејствија од сите институции за да се обезбеди правда за жртвите и за сите граѓани.