Влез во Њујорк е дозволен само со негативен корона-тест и карантин

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, донел екстремна мерка во борбата против пандемијата – влезот во Њујорк ќе биде дозволен само со негативен тест за коронавирус и задолжителен карантин.

Куомо соопштил дека Њујорк ќе бара од сите што ќе дојдат во државата да имаат негативен тест не постар од три дена. Тие исто така ќе треба да одат во карантин една недела, но можат да излезат од него по четири дена доколку нивниот втор тест биде негативен, пренесоа американските медиуми.

Доколку го одбијат вториот тест, ќе мора да останат во карантин две недели.

Куомо не објаснил како ќе се спроведе оваа одлука и како ќе бидат проверени оние што влегуваат во Њујорк.

Мерките нема да важат за патниците од американските држави кои се граничат со државата Њујорк, како што се Њу Џерси или Конектикат.

Оваа мерка била воведена наместо претходната, која предвидувала дека сите патници од 41 дел од САД кои биле најтешко погодени од коронавирусот, да се самоизолираат на 14 дена.