Влезниците за дуелот со Франција пуштени во продажба

Билетите за натпреварот со Франција во рамките од квалиифкациите за ЕП 2016 година ќе чинат 200 и 300 денари, во зависност од местото. Франција е актуелен светски првак и ова ќе биде прво гостување на “триколорите” во Македонија.

УО на РФМ реши цените да бидат популарни, со цел што повеќе гледачи да може да бидат во салата “Борис Трајковски” на 29 април.

Двомечот со Франција ќе биде најтежок за нашите ракометари во овие квалификации, но не и решавачки. Најважните натпревари се играат во јуни против Швајцарија на гости и дома со Чешка. Потребни ни се победи на тие два натпревари, а секој “оттргнат” бод од Франција ќе биде успех.