Влезот во Велика Британија за граѓаните на ЕУ отсега задолжително со пасош

Личната карта од петокот веќе не важи за влегување во Обединетото Кралство кое во иднина бара од граѓаните на земјите членки на Европската унија и на Швајцарија да го покажат пасошот, што е една до новите последици на брегзитот.

Британското министерство за надворешни работи истакнува дека оваа промена ќе овозможи „организираните криминални банди и други лица да бидат спречени во злоупотребувњето на системот“, бидејќи личните карти, како што се наведува, се „незаштитен“ документ.

Податците на министерството покажуваат дека 48 отсто од фалсификуваните дикументи откриени на британските гранични премини во 2020 година се личните карти од земјите во ЕУ и од Швајцарија. Овие документи е „полесно да се фалсификуваат отколку пасошите“, истакнува министерството и додава дека некои „немаат биометриски податоци“.

„Мораме да дејствуваме против криминалците кои сакаат илегално два влезат во нашата земја со фалсификувани документи. Со престанувањето на користењето на незаштитените лични карти ја јакнеме нашата граница и ја исполнуваме волјата на народот да ја преземеме контролата над нашиот имиграциски систем“, се наведува во писмената изјава на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Новата мерка, најавена пред една година, е дел од поширокиот нов имиграциски план кој го означува најавеното заострување во рамките на брегзитот што министерката Пател во изјавата го опишува како „строг кон оние кои сакаат да го злоупотребат системот и праведен кон оние кои ги почитуваат прописите“.

Единствен исклучок за задолжителното покажување на пасошот се ирските државјани и граѓаните на ЕУ и на Швајцарија со привремен или постојан статус на британски резиденти, кои ќе може да се служат со своите лични карти до 31-ви декември 2025 година.