Кој „грев“ е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот „Поткуп“, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска денеска обвини за спрега меѓу Мицкоски и Камчев поради тоа што бранителот на Камчев, Менкиновски, како што рече таа, бил главен „преговарач“ на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство.
„Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот ‘Поткуп’, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200.000 евра, евро за црквата-евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани. Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој ‘грев’ е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот ‘Поткуп’?“, с енаведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата објави фотографии од рочиште на кои се гледаат адвокатите на Заев.
„Но она што треба да се разјасни е следново: По аналогијата на СДСМ прашуваме дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС? Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев? Колку средби имал Заев со Јордан Камчев, и дали на нив е зборено за пари? Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кој првоосудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.