![ivica-konevski-640x315](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/ivica-konevski-640x315.jpg?resize=640%2C315&ssl=1)
Од општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром велат дека последното соопштение во врска со работата на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, што го лиферуваше политичкиот приврзок на СДС – Либералната партија, само покажуваат дека имаат за задача кога СДС молчи во недостаток на аргументи да ја извршуваат нивната валкана работа.
-СДС и нивните пајташи можат само да учат од Ивица Коневски како се води една локална самоуправа со работа и посветеност и со реализирани над 200 проекти за само 4 години, без ниту еден денар долг и со обезбедени средства за наредните 4 години, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.
Во соопштението се вели дека граѓаните најдобро знаат кому да веруваат и на 15 октомври. Таму пишува дека СДС и политичките приврзоци, како либералите, ќе видат дека нивната деструктивност силно ќе биде казнета.