Автократија е на дело, лидерот на ДУИ Али Ахмети наредува, а „неговиот слуга“ премерот и челник на СДСМ Димитар Ковачевски исполнува, критикуваа во вторникот од ВМРО-ДПМНЕ откако двајцата политичари ги критикуваа телевизиите Алфа и Телма незадоволни од нивниките критички ставови.
Опозициската партија притоа истакнува дека Ковачевски по „директна наредба“ на Ахмети започнал отворена војна со медиуми во Македонија затоа што истите ја објавуваат вистинската слика во државата и јавно говорат за сиот криминал и 2корупција во врвовите на власта.
Токму ваквиот директен напад со етикетирање на медиуми од страна на Али и Ковачевски е доказ за автократијата во државата. Ваквите напади од страна на власта кон медиумите изминатиот период се честа појава. Обезбедувањето на пиунот Ковачевски се закануваше на новинар, пред само неколку дена новинари беа спречени да известуваат и постават прашања на автократот Ковачевски, на новинарите им се ограничува правото за поставување на прашање на владините функционери“, се истакнува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека власта својата „целосна неспособност ја заменува со автократија“ и напад кон медиумите.
„Криминалците од СДС и ДУИ исплашени од се помалата доверба на граѓаните, удрија кон медиумите и медиумските работници, заради тоа што тие ги објавуваа нивните скандали, криминали, како и за катастрофалната состојба во економијата, здравството, образованието…
Последната фаза на одлепувањето на политичарите од граѓаните е конфронтацијата со слободните медиуми. Ова е порелевантен доказ од сите анкети дека СДС и Таче ќе бидат казнети од народот на следните избори“, се додава во обраќањето до јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува директните напади кон медиумите и медиумските работници. Бараме да запре притисокот од оваа автократска власт на Ковачевски и Ахмети кон медиумите, за истите да можат професионалнo и транспаретно да си ја вршат својата работа, стои во партиското соопштение.