
Радмила Шекеринска пак само пред избори најавува реформи во правосудниот систем. Крајно лицемерие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Судството велеа дека е отворено како пупка дури се носеа ослободителни пресуди за Заев, укор за Дудуш поради физичко насилство, смешна пресуда за шверцерот-градоначалник Боро Марлборо и слични други апсурдни случаи.
Ако имаше правна држава, а не хибриден режим во Македонија во овие три години прво Заев немаше да биде ослободен за случајот „Евро за Вицето“, а и Радмила Шекеринска ќе беше повикана барем на распит да ги објасни своите вечерни сеанси со обвинетиот во случајот Рекет.
Радмила, џабе зборуваш за правда, кога твојата власт и лидер се синоним за пазарење со правдата во замена за милиони евра во торби, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран Заев.
Се што вети на народот во 2016 се излажа, сега тоа што го зборуваш никој не го верува. Доаѓа време кога ќе има одговорност.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, истакнуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.