ВМРО-ДПМНЕ: Ако немало поврат на ДДВ на база на фиктивни фактури, по кој основ УЈП побарува данок од истите фирми за кои вели дека се фиктивни?

Интергарлно соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Лукаревска да не ја манипулира јавноста и да признае дека УЈП под нејзино раководство исплатило 22 милиони евра на две фирми од струмичко по основ на фиктивни фактури за поврат на ДДВ.

Ако Лукаревска и понатаму тврди негира, нека одговори по кој основ АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП?

Ако УЈП не извршила исплата и ако се било фиктивно, тогаш по кој основ сега на фиктивни фактури им бара данок на фирмите?

Врз основа на што Лукаревска побарува 11, односно 12,2 милиони евра од Актико и Хантонос? Според документите, тоа се поклопува со парите коишто биле побарувани за поврат на ДДВ, а во документите пишува дека со увид во книгите на УЈП и поднесените пријави, констатирано е дека фирмата користела право на одбивка на данок. Зошто ако е се фиктивно овие фирми се појавуваат на листата на должници?

Лукаревска да не манипулира и да понесе одговорност. Парите на граѓаните се предмет на кражби и манипулации. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.