ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Џафери паѓа Владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во Собрание

Премиерот Димитар Ковачевски е толку уплашен од собранискиот спикер Талат Џафери што мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад него и да го понесе срамот врз себе, реагираат во понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија прашуваат „до кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од Влада?“

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека целата јавност имаше можност да го слушне претседателот на Собранието како пцуе по вработените во парламентот и врши мобинг врз нив.

„Само Ковачевски одвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ“, се додава во реакција.

Посочуваат и дека премиерот само за да остане на власт е подготовен да премолчи сѐ, па дури и малтретирањето на вработените во Собранието од страна на Џафери.

„Ковачевски е спремен на сѐ, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада. Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.