ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ е толку силна тогаш Ковачевски да си даде оставка и ајде на избори

Ковачевски досега нема победено на избори. Во Центар Жупа победи ТДП, а не СДСМ. Во Тетово истата ТДП одеше посебно на избори од СДСМ. Впрочем во Тетово СДСМ и Ковачевски загубија два спрема еден од ВМРО ДПМНЕ. Ковачевски може да победи само со замислен противник и онаму каде ќе истури од крадените пари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија прашуваат ако Ковачевски толку верува дека СДСМ е силна партија, тогаш зошто бега од избори.

„Го повикуваме да распише избори и да видиме народот што ќе им порача за сите криминали и предавства, се додава во партиското соопштение.