Доколку Заев барем малку веруваше во анкетите на Телма и во растот на довербата во СДСМ, ќе се согласеше да излезе на нови, брзи предвремени избори со кои што би се скратила сегашната криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со нарачаните анкети на Телма.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
СДСМ загуби на изборите, а народот му порача на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека нема да дозволи такви ликови да ја водат државата.
Секогаш кога СДСМ е во паника прибегнува кон истите методи на лаги и манипулации. Доколку Заев барем малку веруваше во анкетите на Телма и во растот на довербата во СДСМ, ќе се согласеше да излезе на нови, брзи предвремени избори со кои што би се скратила сегашната криза. Наместо тоа, Заев одлучи да бега, да се крие и да нуди гаранции и отстапки по цена на националните интереси, само за да дојде на власт и да ја заобиколи волјата на граѓаните без избори.
Доколку Заев се обиде да турка платформи и агенди спротивно на волјата на мнозинството граѓани, ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се за да ги одбрани националните интереси.