![pari-siromastija-520x311](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/pari-siromastija-520x311.jpg?resize=640%2C284&ssl=1)
Економијата со Владата на Димитар Ковачевски пропаѓа, а таа со мал прст не мрдува да им помогне на граѓаните и фирмите. Македонија има најмал раст на бруто домашниот прпоизвод (БДП) во вториот квартал од 2022 година споредена со сите земји од регионот, реагираат во понеделникот од опозициската од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија има меѓу највисоките стапки на инфлација во Европа во месец јули од цели 16 отсто.
Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во Европа, споредено со висината на платата.
Според ЕУРОСТАТ македонските стопанственици плаќаат најскапа цена на струја споредено со компаниите во другите земји од регионот.
Речиси четвртина од компаниите во Македонија немаат исплатено јулски плати.
Во месец јули индустриското производство има бележи пад од 5 отсто во споредба со истиот месец минатата година која исто така беше катастрофална.
Со еден збор., власта на антимакедонската СДС ја води државата кон тотален колапс“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.