Најголемиот страв на антимакедонската СДС е соочувањето со народот. Затоа бегаат од избори, затоа бегаат од Референдум, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Впрочем антимакедонската СДС е единствената власт во светот која ја држи власта без да сака да слушне својот народ, од една единствена причина, а тоа е затоа што знае дека ќе изгуби. Затоа се препелкаат и лажат. Има еден и единствен начин да се провери дали Референдумот ќе биде успешен, а тоа е да се прифати иницијативата, да почне процесот за собирање на потписи и да се одржи Референдумот. Убедени сме дека огромно мнозинство на народот ќе излезе и ќе го отфрли Договорот со Бугарија, затоа што тоа е отровното дрво кое ги раѓа отровните плодови. Овој договор е изворот на понижувањата на Македонија и изворот на асимилаторските политики упатени кон нас. Од овој договор произлегуваат негирањата на македонскиот идентитет, историја и засебност. Отровното дрво треба се исече во корен, а коренот за сите проблеми е договорот со Бугарија кој што го донесе Зоран Заев и антимакедонската СДС, велат од партијата.
Од таму додаваат дека нека се охрабри СДС и нека провери дали нивните тврдења имаат поддршка од народот. Во спротивно ќе се потврди дека антимакедонската СДС се плаши и затоа го моли Талат Џафери да најде било каков начин да ја отфрли иницијативата за Референдум, само и само да не се соочи со својот народ.
-Но антимакедонската СДС треба да знае дека никој, никогаш не го победил народот, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.