ВМРО-ДПМНЕ: Антокорупциска продолжува со амнестијата за Ковачевски, фактите нема да исчезнат колку и да прикажуваат дека не ги гледаат

Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) продолжува со амнестијата за премиерот Димитар Ковачевски во случајот со аферата „Броило“, но фактите нема да исчезнат колку анткорупционерите и да прикажуваат дека не ги гледаат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„И самиот дезертер Ковачевски призна дека додека тој бил заменик министер е исплаќана државна помош кон фирма основана од него, само ДКСК се прави дека не слуша.

Над 300.000 евра се исплатени од државата на Пиксел груп во време кога Ковачевски е или заменик министер или мандатар за состав на влада.

Пиксел груп е фирмата која Ковачевски ја формира по доаѓањето на СДС на власт, заедно со неговиот кум, и за само една година градат фабрика.

Истата оваа Пиксел груп е центарот на соларниот картел во аферата Броило.

Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира, а дел од зделките кои ги имаат се и два милиона евра државни тендери во време на СДС земени преку КМГ ЕОЛ Квазар, и договор во вредност од над два милиони евра со ЕВН, договорот со ЕВН е склучен кога Ковачевски е заменик министер.

‘Пиксел груп’ осумм месеци откако Ковачевски станува премиер основа и фирма во индустриската зона во Тетово, каде заедно со бугарска фирма почнуваат со изградба на фабрика во висина од 54 милиоми евра.

Ова се фактите. ДКСК да не молчи и да постапи по претставката која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на партијата.