-Градоначалничката на Град Скопје продолжува со самоволието и исполнувањето на желбите на СДС, ДУИ и Левица кршејќи ги правните норми, во случајов конкретно Годишниот план за вработувања за 2024 година во Град Скопје усвоен од Советот на Град Скопје.
Денеска на сајтот на Агенцијата за администрација се објавени 4 нови огласи, на кои се бараат 5 извршители, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ .
Станува збор за оглас број 36, оглас број 37, оглас број 38 и оглас број 39. На секој оглас се бара по еден извршител, освен на огласот број 38 каде се бараат двајца извршители. Поточно со оглас број 36 се бара самостоен референт за геодетски работи за Одделение за подготвителни работи, недвижен имот, постапка за експопријација на недвижности и имотни правни работи при Сектор за планирање и уредување на просторот, потоа оглас број 37 се бара помлад соработник за просторно и урбанистичко планирање за Одделение за просторно и урбанистичко планирање при Сектор за планирање и уредување на просторот, со оглас број 38 се бара помлад соработник за занаетчиство и трговија за Одделение за поддршка на развој на занаетчиство и трговија при Сектор за локален економски развој каде се бараат двајца извршители и оглас број 39 со кој се бара соработник за прибирање и обработка на податоци и информации од областа на средното образование за Одделение за образование при Сектор за образование.
Самоволитето на Арсовска се гледа во фактот што овие вработувања не се предвидени во Годишниот план за вработување во 2024 година во Град Скопје. Овој план е донесен од Советот на Град Скопје каде Арсовска континуирано не се појавува, а бојкотирајќи го Советот таа покажува непочитување на граѓаните кои ги гласале за советниците.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да реагираат на ваквото самоволно однесување на Арсовска која седи во столчето на градоначалник на Град Скопје само за да исполнува партиска волја на нејзините поддржувачи како СДС, ДУИ и Левица.
Мора да се стави крај на газењето на волјата на граѓаните од страна на Арсовска која ги крши и сите правни акти и не го почитува Советот на Град Скопје и советниците избрани од граѓаните.