Нема уставни измени под бугарски диктат и бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставните измени, е заклучокот од координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
На координацијата одржана во пресрет на почетокот на есенската сесија на Парламентот, пратеничката група и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмираа партиската позиција за уставните измени.
„Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени. Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси. Остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата“, соопшти партијата.