По приведувањето на полицаецот Ивица Б, кој воедно е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а кој синоќа во кафуле во Скопје нападнал колега на должност, од партијата велат дека тој ќе биде отсранет од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.
Од партијата посочија дека лицето кое било инволвирано во синоќешниот инцидент, ќе биде отстрането од обезбедувањето на Мицкоски и дека нема да има никакви работни ангажмани поврзани со претседателот на партијата.
„Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „360 степени“.