Најголемата опозициска партија ги повика премиерот Зоран Заев да поднесе неотповиклива оставка и во законската рамка од сто дена да биде формирана техничка влада којашто ќе ги спроведе предвремените парламентарни избори заедно со претседателските, изјави за медиумите во неделата челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршувањето на седнциите на двете највисоки тела на партијата.
Седниците Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржаа по завчерашната одлука на Централниот одбор на владејачката СДСМ, конечниот став околу евентуалните предвремени парламентарни избори да го соопшти во текот на идната седмица. Централниот одбор на СДСМ го овласти највисокото партиско раководство да донесе одлука дали заедно со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори, а конечната одлука за нивниот кандидат за претседател на државата да се донесе на конгресот што ќе се одржи на 3-ти март.
Мицкоски завршувањето на седниците на двете највисоки партиски тела всушност го потврди и повтори познатиот став на ВМРО-ДПМНЕ, која подолг период наназад бара неотповиклива оставка од Зоран Заев и формирање на техничка влада со стриктно траење од сто дена.
Македонија никогаш не била толку поделена, општеството се наоѓа во својата најтешка ситуација, Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање веднаш Зоран Заев да си поднесе оставка , техничка влада и иницијатива за распуштање на предвремени парламентарни избори на исти трошок со претседателските избори. Следните неколку дена нека одлучи СДСМ , рече Мицкоски.
Додаде дека како партија предлагаат избори, а граѓаните. ќе пресудуваат по изјавите од СДСМ дека не стравуваат да излезат на избори, но навестуваат и можни изговори да се одбие понудата на опозицијата.
„ Велеа дека сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е за, а кој
моли Бога да не ги добие… Одиме чекор по чекор, внимателно ја анализираме ситуацијата. Ситуацијата со Македонија е алармантна, и не треба да ја одложуваат одлуката и да лажат дека подготвуваме црни сценарија“, порача Мицкоски.
Додаде дека времетраењето на техничката влада е јасно и дека нема да попушти пред барањето нејзиниот рок на траење да биде помал.
Го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека државата не била досега вака поделена и дека Македонија е во најтешка ситуација по осамостојувањето.
„Да го спречиме пеколниот план за уништување на Македонија, има време и за реформи и за корекции“, порача Мицкоски.