-Бектеши како портпарол на кланот Зајас и запознаен со имотната состојба на Ахмети, да каже кога очекуваат да стартува инвестицијата на 60MW фотоволтаична централа.
Бектеши е министер за економија, кога Зоран Заев како премиер во 2021 година го презентира планот „Акција 21“, во кој најавува и 60 MW фотоволтаична централа, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ова најава на Заев соодветствува со планот на Шкумбин, Дрин и Бесиан за изградба на фотоволтаична централа преку нивната фирма „Хелиос Плант“.
Бектеши кој видовме дека е запознаен со имотната состојба на Ахмети, да каже кога се очекува инвестицијата и дали и во оваа инвестиција Ахмети нема да вложат ниту денар, а ќе добијат удели од милиони, како со „Соравија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.