ВМРО-ДПМНЕ: Царовска ја крие вистинската причина за укинувањето на учебниците,

Арогантната и тврдоглава министерка за образование и наука, Мила Царовска продолжува со самоволието и по протестот на родители, наставници и ученици. Мила Царовска не гледа дека и се случува силен револт против реформите во образованието, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Мила Царовска не сака да согледа дека јавноста е особено против укинувањето на печатените учебници и промовирање на елитистички приод со само дигиталните изданија на учебници и онлајн настава.

Царовска е упорна во ширење полувистини дека учебници ќе има, но не кажува дека ако се донесе законот, тие ќе бидат само дигитални и недостапни за сите ученици.

Царовска се уште ја крие вистинската причина за ваков чекор незабележан до сега во Европа.

Царовска упорно тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите и не дозволува модерни реформи во образованието.

ВМРО-ДПМНЕ упорно ѝ предочува дека не е против модернизација и дигитални учебници, но и предочуваме дека за учениците бараме и печатени учебници и настава со физичко присуство, затоа што нејзините лажни вести со успешноста на онлајн наставата станаа јасно видливи.

Да, ги подржуваме барањата на родителите, наставниците и учениците и сме против избрзани, необмислени и натурени реформи.

Нема да дозволиме експеримент над деца и нема да дозволиме насилно наметнување на несоодветни промени за постоечката инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на експерименти над децата!

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на дискриминација на учениците!

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на укинување на бесплатното образование!, се вели во соопштението на партијата.