Има ли некој во седиштето на СДСМ или сите од раководството се посветени на криминални тендери, злоупотреби и хедонизам? Ако имаше некој во седиштето тогаш немаше секое утро да ги пуштаат истите, стерилни, копирани соопштенија кои не се разликуваат ниту по точките и запирките, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Што се однесува до самата суштина, ВМРО-ДПМНЕ има политичка одговорност и единствено одговара на граѓаните на Република Македонија истите тие кои на кој СДСМ секој ден им ја зголемува агонијата, им го отежнува животот и одзема иднината. Стерилните соопштенија нема да го направат капитулантскиот договор на Заев подобар ниту пак да го задржат институционалниот идентитет од кој Заев и СДСМ се откажуваат, а кој е клучно обележје на постоењето на еден народ и држава“, стои во реакцијата
Од најголемата опозициска партија посочуваат дека не може да има иднина за земја која е најкорумпирана во Европа, со образование кој е најнеквалитетно во регионот и го нема ниту на Шангајската листа за квалитетно образование, со економски раст кој е најнизок во Европа.
„Сево ова е така затоа што криминогени политичари ја водат државата, со единствен интерес профитот. Сé дотогаш Македонија нема иднина. Затоа СДСМ мора да падне за да Македонија победи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ