Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ прашуваат чиј е џипот во кој што се вози Радмила Шекеринска.
„Нејзините оправдувања на легитимните прашања поставени од нас, изгледаат хаотично, но и жално за еден политичар кој себе си милувал да се претстави во европско светло. Три дена по ред да одбивате да дадете одговор на основни прашања е прекумерна дрскост и омаловажување на јавноста. Ние побаравме да кажете како е возможно да издавате сопствен стан за да живеете сами во него и да и објасните на јавноста како е можно да наплаќате по 5 317 евра месечно за кирија за стан кој не вреди повеќе од 800 евра. Вие одбивате да одговорите и со тоа само покажувате дека признавате дека сте фатени на дело во нереални финансиски односи кој вам ви создаваат екстра приход од 10 716 денари секој ден“, рече денеска Светлана Јакимовска.
Во текот на вчерашниот ден, рече таа, на дел од медиумите беа покажани фотографии од луксузен и нов џип во кој вие често се возите. За волја на вистината тој џип често го гледаме на паркингот на Собранието.
„Госпоѓата Шекеринска вчера кажа дека не се возела со тој луксузен џип. Но не е така. За жал не ја кажа вистината. Ние се обидовме во вашиот анкетен лист да пронајдеме информации за тоа каков џип имате пријавено и од кога е тој џип пријавен во вашиот анкетен лист. Но таму не најдовме ништо. Ниту овој џип, ниту било кое друго возило. Вие не сте пријавиле возила на Ваше име или на име на некој член на Вашето семејство. Затоа, без да претпоставуваме и да погодуваме, денес, повтрно Ве замолуваме, да се појавите и да и соопштите на јавноста чиј е лускузниот џип во кој Вие често се возите. Еве ви шанса сама да кажете“, додаде Јакимовска.