ВМРО-ДПМНЕ: Членот 353 за кој збори СДСМ е членот по кој нејзините функционери кои денес криминално управуваат и ќе одговараат

Членот 353 за кој збори СДСМ е членот по кој СДСМ, нејзините функционери кои денес криминално управуваат со Република Македонија ќе одговараат до последен, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ по интервјуто на Христијан Мицкоски во вестите на Канал 5 телевизија.

-Одговорност ќе има за криминалците на власт кои делат државни пари на своите приватни фирми, и тоа броејќи во стотици милиони евра, токму по тој член ќе одговараат вицепремиерот чии фирми добија грантови за иновации и други државни тендери, пратеници, партијаши на СДСМ, членови на кабинетот на Заев кој во исто време се државни функционери и бизнис пајташи кои се богатат на грбот на народот, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека одговорност ќе има и за криминалот во здравството, за хаосот во земјоделието, енергетиката и образованието.

-Христијан Мицкоски ниту договарал ниту барал некаква амнестија, тоа е тема измислена од власта за да го покријат својот криминал. Единствени на кои им одговара таков процес се луѓето од власта. Треба да е јасно дека компромис со почитувањето на словото на законот нема да има и одговорноста ќе биде поставена за секој кој го прекршил законот, се наведува во соопштението.