ВМРО-ДПМНЕ: Човечки животи се губат поради неспособноста на власта да се справи со загадениот воздух

Илјадници луѓе секојдневно се трујат поради неспосбноста на властите да се справат со проблемот со загадениот воздух, обвинуваат во неделата од ВМРО-ДПМНЕ по рекорднните ниво на загаденост на атмосферата изминатите денови

„Човечки животи се губат поради неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните. СДС има апсолутна власт, 6 месеци по формирањето на владата немаат преземено ниту еден ефективен чекор за почист воздух. Тие наместо проекти прават неколку чекори наназад“ се наведува во соопштението од партијата.

Потсетуваат дека сегашната Влада го укина Денот на дрвото со кој досега биле засадени над 36 милиони садници, како и дека ја замајува јавноста дека со поскапи паркинзи и забрана за движење на постарите автомобили на посиромашните ќе се исчистел воздухот, а во меѓувреме сечат дрва во паркот во Чаир и Карпош.

„И додека ова се прави паркобраните ги нема, загрижените лажни соросови невладини организации молчат, а здравјето на граѓаните е во опасност. Владата на СДС и градоначалниците се директно виновни за загадениот воздух и фактот што не преземаат ништо околу негово справување“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.