ВМРО-ДПМНЕ: Човекот кој го пцуе сопствениот народ ја води дражвата

Гледаме дека од СДСМ се чудат кој ги пуштил денешниве разговори и тука не можеме да им помогнеме, ама можеме од истите да го препознаеме гласот на нивниот лидер Заев како го пцуе и навредува својот народ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на аудиосниките во кои лидерот на владејачката партија се фали дека контролира државни институции и невладини организации.

„Вредно е да се напомене и дека Заев го контролирал студентското движење чувме што мисли за шарените, но добро е и да знаат албанците што мисли тој за Али Ахмети.

Исто така е добро и да чујат тој извесен Ацко, Костадинов, па и средношколецот Забарчанец како ги пцуе нив и целиот народ. Е тој човек за жал ја води државата“, се додава во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.