
Следува интегрално соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:
Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Р. Македонија за негово распуштање.
Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме Претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељановски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена.
Граѓаните сакаат конечно да заврши кризата во која што СДСМ ја втурна Македонија.