ВМРО-ДПМНЕ: Да си знае Груби дека затвор не му бега!

Артан Груби е правно неписмен, не постои деловна тајна во Законот за класифицирани информации, а тоа што го крие договорот е доказ дека крие скандалозни обврски за кои кривично ќе одговара – му порача денеска ВМРО-ДПМНЕ на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Не постои во Законот за безбедност на класифицирани информации термин „деловна тајна“ и дека се издава безбедносен сертификат на лица за да имаат пристап во деловна тајна.

Заканите се најдобра потврда дека владата на Ковачевски крие скандалозни работи и обврски за кои кривично ќе се одговара, бидејќи создале финансиски обврски за државата и ја ставиле во подредена позиција. Договорот кој Артан го крие не е никаков класифициран податок. Груби би требало да знае дека странско правно лице (во случајов Бехтел и Енка) не може да биде создавач на класифицирана информација. Ниту пак има закон со кој истиот се прогласува за деловна тајна.

Добро е Груби да одговори со каков степен на доверливост е означен договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка? Кој е создавачот на класифицираната информација – договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка? И добро е коалициските ортаци да се договорат, Груби кој вели дека договорот е класифициран, и Каевски кој вели дека не е. И треба да знаат дека затвор не им бега“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.