ВМРО-ДПМНЕ: Дали притворот на Камчев е за да не се дознае каде завршиле парите од „Рекет“?

Првоосудениот во „Рекет“ Бојан Јовановски јавно посочи дека милионот на Камчев од изнудениот рекет треба да се бара кај Зоран и Вице Заев. Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за „Рекет“?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од „Рекет“?!, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

– Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојан Јовановски – Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?! Прикрива ли Заев траги со апсењето на Камчев и кој е планот на врвот на власта за забошотување на криминалите во своите редови? Дали откако беа фатени во обид за лапање провизија од вакцините, мора и да дефокусираат јавност?! Времето е се пократко. Заев ќе мора да одговори. Без разлика колку заплашува и шиканира. Каде се парите од „Рекет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.