ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шекеринска била консилиере или можеби контролор на операцијата Рекет?

Шекеринска не направи ништо од ветените капитални инвестиции од 600 километри нов автопат кој што ги ветуваше во 2016. Ниту автопатот од Кичево до Охрид го изградија, ниту од Гостивар до Кичево, ниту од Скопје до Блаце. Се што кажаа излажаа, се што ветуваат пак лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но што да се очекува од Шекеринска која времето наместо за интересот на граѓаните, го трошела на седенки и состаноци со обвинетите и веќе осудени за случајот рекет, токму во периодот кога се случувало тоа. Дали Шекеринска била консилиере и советодавач? Или можеби контролор на тоа до каде е целата операција? Логични се овие прашања, со оглед на тајните средби кои таа ги имала. Едно е јасно , не била посветена да го сработи тоа што им го ветуваше на граѓаните на изборите во 2016-та година. Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.