ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДСМ пропаѓаат во сопствените лаги

Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца денеска реагираат дека кандидатот за градоначалник во таа општина од СДСМ, Зоран Ногачески пропаѓа во сопствените лаги.

„Зарем уште еднаш би сакал Ногачески и СДС да има лице да зборува за вистина и уште да обвинува, а притоа самите тие да пропаднат во сопствените лаги. Па за волја на вистината и како што секогаш сме се обраќале со факти и овајпат фактот кој е контра Ногачески е неизбежен. Прво би сакале да прашаме дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од Зрадата во училиштето во Мешеишта?’, се вели во реакцијата од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца.

Оттаму прашуваат дали таа просторија во целост е узурпирана.

„Дали во тие простории кои се општински Ногачески држи партиски состаноци? Дали има партиски обележја во истата? Како што и претходно кажавме, секогаш ќе зборуваме со факти и фотодокументција., па затоа да им олесниме на Ногачески и неговиот тим во оваа нивна лага и им презентираме на целата јавност од фотодукументација од узурпаираната општинска просторија, а сме во исчекување на приложување на било каков доказ за право на користење на истата од нивна страна“, се вели во реакцијата.

Од ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца велат дека на лагите на СДСМ и Ногачески не им веруваат ниту нивните поддржувачи.

„Општина Дебрца на 15-ти октомври ќе заокружи број 13, за уште една историска победа на ВМРО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Игор Трајкоски“, се вели во реакцијата.