Со тајно гласење на 1.300 делегати на денешната Конвенција ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере кандидатот кој за нив ќе ја трча претседателската трка на изборите закажани за 13 април.
Делегатите својот глас ќе го дадат за едено од четворицата кандидати кои доставија свои кандидатури до партијата – актуелниот претседател Ѓорге Иванов, универзитетскиот професор Јове Кекеновски, магистерот на науки Божидар Ночев и адвокатот и поранешен државен јавен обвинител Ставре Џиков.
Редоследот на претставување на кандидатурите беше утврден на средба на претставниците на кандидатите со генералниот секретар на партијата Емил Димитриев. Секој од кандидатите ќе има еднакво време и право за претставување пред делегатите.
ВМРО-ДПМНЕ, како соопшти партијата, со својата Конвенција спроведува демократски, отворен и транспарентен процес во кој одлуката за тоа кој ќе биде кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесат 1.300 делегати.