Попладнево ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе организира нов протест против владините политики. Како и минатата среда, протестот ќе почне пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија.
На минатиот протест Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, побара предвремени избори и ги повика и граѓаните да им се придружат во нивната револуција.