„Наместо со часови да мисли како да ги брани политичките ставови на нејзиниот близок пријател Зоран Заев, Јовановска мора да го работи тоа за што е платена. Да се грижи да не умираат новороденчиња и да ги подобрува условите во клиниката. Таа е најодговорна за ужасот кој што се случува на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Четири бебиња починаа на Клиниката за гинекологија, а директорката и министерот Таравари се обидуваа да ги прикријат случаите со цел да ја сокријат вината и одговорноста.
Поради нејзината блискост со Зоран Заев не смее да биде изземена од одговорност за смртта на четирите новороденчиња за два дена. Таа и неспособните кадри уништуваат сѐ што наследија, а наследија нов и разработен здравствен систем, за разлика од тоа во каква кондиција го оставија здравството, таа и нејзините партиски истомисленици“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека граѓаните бараат целосна одговорност од министерот Таравари, Зоран Заев и директорката Јовановска за хаосот кој го креираат во Клиниката за гинекологија и акушерство но и во целокупното македонско здравство.